Во 300 училишта има услови – Филипче не им дозволува на скопските училишта физичко присуство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство нема да дозволи настава со физичко присуство во скопските училишта, со исклучок на учениците од прво до трето одделение. Министерот Филипче во интервју за РСЕ, вели дека школите со мал број ученици кои ги исполнуваат условите имаат право да бараат настава со физичко присуство за учениците од сите паралелки, меѓутоа оваа можност не важи за Скопје.

Оваа одлука на Филипче секако произлегува од епидемиолошката слика во главниот град, каде е најголем бројот на заразени лица со Ковид-19. Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, не треба да се носат ад хок одлуки за сите училишта.

Тоа што е веќе познато е дека наставата оваа година ќе започна со еден месец доцнење, на 1 октомври. Учениците од прво до трето одделение ќе одат во училиште, а останатите ќе следат онлајн настава од дома. Оставено е во рацете на родителите дали неговото дете ќе следи настава во училиште или од дома. Инаку Филипче рече дека во нашата земја има околу 300 училишта со мал број ученици кои можат да аплицираат за дозвола за одржување класична настава. Комисијата  која ја издава таа дозвола е составена од членови на МОН, Министерство за здравство и канцеларијата на Претседателот.