Во Албанија од вечерва подолг полициски час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Албанија од вечерва стапува на сила Одлуката на експертскиот комитет за управување со пандемии, за подолг полициски час.

Полицискиот час наместо од 22 до 06 часот, ќе трае вечерва од 20:30 до 06 часот, информираше Огерта Манастирлиу, министер за здравство.

„Влеговме во период на одмор, и врз основа на проценката на ризикот, донесеновме одлука за подолг полициски час. Од 5. јануари полицискиот час ќе се врати од 22 до 06 часот“, соопшти Манастирлиу.

Албанската католичка црква ја нарече одлуката дискриминирачка, затоа што денеска е Бадник за католиците.