Во Албанија пандемијата затвори седум отсто од странските бизниси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемската 2020 година се покажа како тешка за деловните активности во Албанија, но особено за странските компании, за кои беше невозможно да продолжат со работа, констатира весникот Монитор.

Повикувајќи се на податоци на Институтот за статистка, ИНСТАТ, минатата година седум отсто странски или претпријатија со домашен и странски капитал, ставиле клуч на своите активности.

– Намалувањето на деловните субјекти од најголемите трговски партнери (Италија, Грција, Косово, Турција, Германија, Северна Македонија, Израел, САД) беше со поголем процент или за околу 16 отсто, но донекаде беше неутрализиран со отворање деловни активности од други земји, кои пораснаа за 23,5 проценти во 2020 година. Најголем број од пропаднатите странски бизниси во Албанија се со италијански капитал (408) или 15 отсто од вкупно 2.553 колку што функционирале 2019, наведува весникот.

Сепак во процентот најголемо влијание имаат деловните субјекти од Израел, кои се 59 отсто помалку отколку во 2019 година, односно биле затворени 99 бизниси. Израелците работат главно во секторот за кол-центри и во земјоделството.

– Минатата година, поради познатите причини предизвикани од пандемијата, вкупните бизниси од Северна Македонија се намалиле за 22 отсто, од Косово за 13, од Грција за 15, и од Турција за седум проценти. Но, како што се намалувале бизнисите од традиционалните трговски партнери, растеле деловните активности со земји кои Албанија нема развиено економска монитор.

Според ИНСТАТ, 3,6 отсто од вкупниот број активни фирми во земјата се со странски или мешан капитал, наспроти четири проценти колку што биле во 2019, а вработуваат 12,4 отсто од вкупно вработените во земјата.