Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, каде денеска првпат бројот на новозаразени ја надмина бројката од 400, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Регистран е нов рекорд на инфицирани со коронавирус. Во изминатите 24 часа од направените 1.744 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 421 лице, што е 24,1 отсто. Во исто време починаа седум паценти или 543 досега, додека оздравени се 118 лица, со што бројката на оние кои го победија опасниот вирус се зголеми на 11.696, информираше Министерството за здравство и социјална заштита, апелирајќи за строго почитување на мерките за заштита.
Од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи, до сега направени се 133.291 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.721 лице, оздравеле 11.696, ,додека активни на болеста се 10.482, а од нив 346 се хоспитализирани во трите ковид болници.
Поради заразени судии и друг персонал, по Каваја, Драч и Тирана, од денеска затворен е и судот во Валона.
Не работат и градинки во повеќе градови, Одделенето за катастар во Елбасан, а заразени има и меѓу наставниот кадар.
