Според гувернерот Гент Сејко, банката на овој чекор се одлучила со цел да одговори на зголемената побарувачка за готовина во земјата со растот на економската активност, како и побарувачката за „физички банкноти со повисок квалитет и безбедност”.
Банкнотата 10.000 лека има двојно поголема вредност од претходната најголема апоен од 5.000 лека, што е во оптек во Албанија.
На банкнотата заедно со голем број безбедносни елементи има симболи на албанското знаме и химна и портрет на познатиот поет и публицист Александар Ставре Дренов( 1872-1947), кој е автор на текстот и музиката на албанската национална химна.
Новата банкнота ќе стане законско средство за плаќање на 31 овој месец.
