Во Берово утрово -1 степен, на Попова Шапка 62 сантиметри снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше во Берово, каде беа измерени -1 степен, додека во Лазарополе беа измерени нула степени. Најтопло утрово беше во Виница, каде беа измерени седум степени.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 62 сантиметри.

Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.