Полициски службеници од федералната управа на полиција, уапсиле македонски државјанин во Бихаќ, кој бил осомничен за убиство.
Станува збор за Дејан Ториќ, за кого била распишана и црвена потерница на Интерпол.
Ториќ бил пронајден во стан, кој направен како скривница. Поседувал фалсификувани документи на Северна Македонија, пренесува Аваз.
Уапсениот бил предаден во надлежност на судот БИХ.
