Во саботата, на 18 јануари, Грк (38) забележал дека во црна кеса во близина на контејнерот за ѓубре има нешто необично. Кога ја земал внатре пронашол мермерна скулптура на жена без глава и раце и веднаш ја однел во најблиската полициска станица.
Грчката полиција извести дека скулптурата е стара над 2.000 години. Скулптурата од 80 сантиметри е пронајдена покрај канта за ѓубре во населбата Неи Епиватес во близина на Солун, вториот град по големина во Грција.
– Експертите преку детална проверка потврдија дека парчето датира од хеленистичката ера, која траела меѓу 320-тата и 30-тата година пред нашата ера – соопшти полицијата.
– Античката скулптура ќе биде испратена до Управата за форензички истражувања на Грција на лабораториско испитување, а потоа до експерт за антиквитети за чување и евалуација.
Полицијата покрена истрага за да утврди кој ја оставил статуата во ѓубре и накратко приведе маж на испрашување кој подоцна беше ослободен без обвинение.
