7.553 пациенти со коронавирус имаше вчера во ковид-одделенијата во болниците во Бугарија кои се преполни, од кои 656 се на интензивна нега.Повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани, покажуваат податоците. Вчера беа пријавени 5.178 новозаразени и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починатите во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија имаше највисока стапка на смртност од коронавирусот меѓу земјите на ЕУ.
Србија е трета на листата на хоспитализирани пациенти на милион жители со 6.724 пациенти кои се згрижени во здравствените установи и привремените болници во Србија според податоците од страницата „ourworldindata.org“, која собира и објавува информации и табели, за пациенти со Ковид-19 од целиот свет. Првите три земји во светот се САД, Велика Британија и Србија. За споредба, пред во САД се хоспитализирани 47.612 лица со коронавирус, во Велика Британија 8.238, а во Србија 6.724. Според бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 на милион жители, во првите 10 земји се наоѓа и Хрватска. Во Србија има повеќе хоспитализирани отколку во Франција, Италија и Португалија, земји кои до неодамна беа жаришта на короната, а во кои живеат многу повеќе луѓе отколку кај нашиот северен сосед. До 24 октомври, во Србија се регистрирани вкупно 1.098.209 потврдени случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 9.509.
Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата и се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина. Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија. Во понеделникот, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека и на островот се потврдени првите два случаи на Делта плус.
Во Словенија болниците се преполни од 3.000 или 4.000 новозаразени дневно,, на интензивна нега поради Ковид-19 во моментов 133 пациенти, па Министерството за здравство најавува построги мерки во претстојниот период, доколку состојбата не се подобри. Се зборува и за одново воведување карантин.
