46.159 денари изнесувала просечната месечна нето-плата по вработен во февруари годинава. Во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2%, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи поради зглемувањата на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во следните сектори: Административни и помошни услужни дејности за 12,3%, рударство и вадење камен за 10,6%, снабдување со вода, отстранува на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4%.
Намалување на просечната нето плата е забележана во секторите: земјоделство, шумарство, рибарство за 5,7%, други услужни дејности за 5% и уметност, забава и рекреација за 4,6%.
