Буџет 11,8 милијарди денари за патната мрежа, железничката мрежа, гасификација и комуналната инфраструктура. Од нив 8, 10 милијарди за реализација на капитални инвестиции.
200 милиони евра планира да инвестира Северна Македонија во првиот квартал од 2022 година за изградба на железничката мрежа на Коридорот 8 кон Бугарија.
Владата обезбеди средства за првите две делници, а останува да бидат обезбедени и за третата од Крива Паланка до Деве Баир, која ќе чини 400 милиони евра. За изградба на експресниот пат од Куманово до Деве Баир во правец кон Бугарија се обезбедени 90 милиони евра. Има подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија, но се бараат можности да се најдат средства. Кракот на Северна Македонија кон Албанија е 70 километри. Бугарија следната недела ќе го започне тендерот за изградба на железничката делница помеѓу Перник и Радомир. Бугарија работи заедно со Северна Македонија и на граничниот тунел. Албанија, според министерката за транспорт и енергија Балаку, работи напорно на изградба на пат до границата со Северна Македонија, како и на специјално пристаниште за Коридорот 8. Бочварски предвидува целата траса на Коридорот 8 на територијата на Северна Македонија ќе биде изградена до 2030 година, а веројатно и порано, а истото го предвидува и бугарскиот министер за транспорт Алексиев.
Министрите за транспорт на Северна Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балакуна 19-ти октомври во Софија, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8. Во шестгодишната стратегија на Владата, предвидени се 2,7 милијарди евра за оваа намена. Тројцата министри, на Бугарија, Северна Македонија и Албанија, се согласни дека Коридорот 8 има стратешко значење не само за нивните економии, туку и за подобра поврзаност на Балканот со Западна Европа, Црното Море и други партнери во Европа.
