Во Грција 300 мигранти во притвор поради нелегален влез

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од примената на новиот закон за нелегален влез и престој во Грција, во периодот од септември до декември 2025 година, околу 300 мигранти завршиле во притвор, покажуваат податоците на грчкото Министерство за правда.

Новиот закон предвидува кривични санкции за нелегален влез, излез и престој, со казна затвор од две години без можност за условно ослободување, објави денеска весникот „Катимерини“.

До крајот на 2025 година низ целата земја биле покренати повеќе од 800 кривични постапки, додека обвинителствата во Ханија и Ираклион воделе 200 постапки само за нелегален влез.