Во Грција 89 починати и 2.186 нови случаи на Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Орбан и други политичари од регионот и Европа – ќе лобира за ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потрпетседател Николовски во следните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби...

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Карпош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Во Грција се регистрирани 2.186 нови случаи на Ковид-19, починаа 89 лица , а 613 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, речиси половина, повторно се во Солун (453), во областа Атика (375) и во Лариса (129).

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција соопшти дека поради зголемениот притисок врз здравствениот систем во северна Грција, лекари од приватните клиники волонтерски заминуваат да им помогнат на колегите во болниците во северниот дел на земјата, а истото ќе го сторат и доктори од државните болници.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 109.655 заразени и 2.606 починати од Ковид-19.