Во Грција официјално е отворено новото метро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Солун, Грција денеска свечено беше отворено новото метро во непосредна близина на археолошки локалитет од византиската и римската ера, а пред да влезат во возот патниците ќе поминат низ подземен музеј со археолошки артефакти, што е уникатен случај во светот.

За време на изградбата на метрото, која започна во 2006 година, работниците открија, меѓу другото, пазар од византиската ера и римски гробишта.

Тие откритија го запреа напредокот во изградбата на метрото и покренаа прашања како да се продолжи со изградбата и да се зачува богатото археолошко наследство, а решението беше пронајдено во спојување на модерното и минатото – пред да се качат во возот, патниците уживаат во набљудувањето на археолошките откритија, објави Ројтерс.