Во Хрватска 29 нови заразени со коронавирус, вкупно 235

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во Хрватска се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус за разлика од вчера. Со тоа бројката на заразени сега изнесува 235 лица.

Цивилната заштита се соочува и со дополнителен проблем, а тоа се двата силни земјотреси кои утрово се случија во Загреб, па упатија апел граѓаните да излезат на улиците, но да држат растојание.

„Знаеме дека се плашите, но и покрај емоциите и стравот, ве молиме во овие вонредни услови да држите растојание меѓу себе“, изјавија од цивинлата заштита.