Во Хрватска досега се вакцинирани 37,3% од вкупното население, односно 45% од возрасната група на граѓани, што е многу помалку од 70% колку што е потребно за колективен имунитет.
Вкупно се аплицирани 2.687.515 вакцини, од кои 1.175.528 лица вакцинирани со двете дози.
Најмногу вакцинирани се од Загреб 43.4% од вкупното население, односно 52.7% од возрасното население.
Од институтот за јавно здравје на земјата кажуваат дека иако не е исполнет процентот од 50-55 на крајот на јуни, сепак, се задоволни од текот на вакцинација.
