Во специјална болница за медицинска рехабилитација „Калос Вела Лука“ на Корчула, утрово била извршена евакуација.
Од Специјалната болница информирале дека при редовно одржување утрово, во просторијата за хлодирање на водата, при рачно додавање на хемикалии во базенот, ставиле натриум хипохлорит.
„Работникот кој бил присутен веднаш реагирал и со цел неутрализирање, додал вода и херметички го затворил резервоарот и ги алармирал вработените во Специјалната болница, кои почнале со привремена евакуација на корисниците и персоналот“, велат од болницата.
