Густ црн чад се издигна над Брдовец кај Запрешиќ во понеделникот наутро кога избувна пожар на градилиште во близина на градинка и основно училиште.
Поради смрдеа и чад, градинката веднаш е евакуирана. Како што дознаваме, децата биле донесени на безбедно до доаѓањето на пожарникарите.
„Децата накратко беа изнесени надвор, а потоа вратени назад. Не би рекол дека имаше паника, интересно им беше тоа што дојдоа пожарникарите и интервенираа“, рече командирот на противпожарната бригата на Брдовец, Марио Левак.
