Поранешниот фудбалер на Хајдук, Ријека и Цибалија, Марио Мештровиќ, е застрелан ноќеска околу 22 часот во Винковци, со три куршуми во ногата, пренесуваат хрватските медиуми.
При излегување од спортската сала, Мештровиќ бил застрелан од непознат напаѓач, кој побегнал со велосипед.
Полицијата потврди дека околу 22 часот добила дојава за пукање во Винковци.
„Едно лице е повредено и пренесено е во болница за укажување на лекарска помош“, изјавија од полицијата, која интензивно трага по напаѓачот.
ФОТО: Архива
