Во Јапонија се отвора забавниот парк „Светот на Супер-Нинтендо“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

Силен земјотрес утрово го погоди грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со епицентар во морето,...

Семејството Бајден постави нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе...

Љубов под карантин – Англичанец со помош на робот ја запроси девојката

И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на...

„Дизни плус“ ќe ги репризира првите пет сезони од „Мапет шоу“

Стрим-платформата „Дизни плус“ од февруари ќе ги репризира првите, оригинални пет сезони од „Мапет шоуто“ oд 1970-тите. Како што се...

Тематскиот забавен парк „Светот на Супер-Нинтендо“ требаше да биде отворен оваа година во Осака, Јапонија, поради Олимписките игри во Токио. Но, тоа не се случи поради пандемијата на коронавирусот, па сега е одреден нов датум.

Иако минатиот месец бројот на новозаразени со коронавирус го урна рекордот во САД, Франција и Италија, паркот „Светот на Супер-Нинтендо“ во Осака ќе биде отворен на 4 февруари.

И Јапонија бележи поголем број заразени од порано, со потврдени 2.585 нови случаи изминатава седмица. Од почетокот на пандемијата, вкупно над 148.000 луѓе се заразени, а 2.057 лица починаа.

Тематскиот парк ќе има голем број атракции, меѓу кои и фантастичниот ролеркостер „Марио Карт“. Тука е и Замокот Баусер, а посетителите ќе може да користат и т.н. очила за алтернативна реалност, за да ја искусат играта „Марио карт“. Целиот тематски парк е, всушност, една огромна игра, и секоја атракција се заснова на некој карактер. И кафулето „Кафѐ Марио и Луиџи“ е веќе отворено. Сличен тематски парк ќе се отвори и во Орландо, Флорида, САД, во 2023 година.