Во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска правото на глас го остварија вкупно 620 лица.
Денеска гласаа изнемоштени и болни лица, гласањето почна на време во седум часот и се одвивааше без потешкотии , немаше никакви забелешки за текот на гласањето , информираат од сите три општински изборни комисии .
Во Кичево денеска правото на гласаат го остварија 432 лица болни и изнемоштени, а 13 лица одбиле да гласаат.
Во Македонски Брод оваа право го искористија 125 лица, пет одбиле да гласаат, додека пак во општина Пласница од оваа категорија на луѓе правото на глас го остварија 63, едно лице починало во меѓувреме и две лица одбиле да гласат.
