Во Кичево уништен детски парк изграден пред една недела – децата револтирани, градоначалникот бара одговорност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во населбата 22 Декември кај детскиот парк, кој беше изграден пред една недела а веќе е демолиран. Случајот е пријавен во полиција но се уште не се познати сторителите на овој вандалски чин, се очекува расчистување на случајот, а причинета е огромна материјална штета.
Децата разочарани од глетката, бидејќи едвај чекаа да добијат вакво нешто во нивната населба.


За ова реагираше и градоначалникот на Кичево, нарекувајќи го чинот вандализам врз јавен имот.

Урбаната опрема и детските играчки се уриваат, рушат, се делат на парчиња, давајќи тажна слика кога ќе ги погледнете на овие фотографии, а повеќе во реалност.НЕРАЗБИРЛИВО е ова чувство на напад на убавината, функционалното за град со чиста животна средина. Настанот е пријавен во полиција и веднаш била реакцијата на полициските службеници за откривање и изведување пред правдата сторителите на ова лудило врз граѓанинот и урбаното со неразбирлива деструктивна намера, напиша градоначалникот на Кичево на социјалните мрежи.

Вакви случувања имало и порано во Кичево. Пред неколку месеци , неколку пати по ред беше уништувано и Калето во Кичево. Откако ќе го реновираа, повторно беше уништувано, крадеа клупи, електрични кабли и светилки кои беа поставени на калето.