Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваат 467 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 36 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 467 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а 10 во новоотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени шест лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти, од кои 6 деца и 30 возрасни.

Вкупно 467 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 25 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од вчера наутро ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети и се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19. Почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 26 нови места и капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 106 болнички кревети. Во наредните денови се очекува да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.