ТВ21 од партиски извори дознава дека коалиционите партнери СДСМ и ДУИ кон крајот на мај планираат да ја реконструираат Владата.
По внатрепартиските проблеми, се очекува во СДСМ реконструкцијата да го донесе новото раководство кое се очекува да биде назначено на Конгресот на 16-ти мај. Истите извори информираат дека и во ДУИ се очекува реконструкција, со цел подготвување на теренот за локалните избори.
Неофицијално ТВ21 дознава дека двајца актуелни министри ќе биде предложени за амбасадори. Исто така може да има и рокада на ресори меѓу СДСМ и ДУИ. Не е исклучена ниту можноста на Движењето Беса да ѝ биде одземено Министерството за земјоделство и да ѝ биде понуден помало министерство или пак некоја дирекција.
Социјалдемократите негираат дека размислуваат за реконструкција на извршната власт.
„Засега во СДСМ не се размислува за реконструкција на Владата, соработката со ДУИ и со сите останати коалициони партнери е на високо ниво. Персоналните решенија за раководни позиции во министерствата и институциите се во надлежност на Владата. За секоја нова промена, јавноста е навремено информирана преку прес службата на Владата“, соопштија од СДСМ.
И потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, во синоќешното издание на „Клик Плус“ изјави дека не размислуваат за такво нешто.
„Во овој момент не се размислува за подобрување или промена на кабинетот. Во комуникацијата која ја имав и со претседателот на партијата, не е размислувано за вакво нешто“, рече потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи.
Но, и покрај негирањата од страна на двете најголеми владејачки партии, ТВ21 од свои извори дознава дека актуелен градоначалник од редовите на ДУИ може да биде предложен за министер во извршната власт.
Постојат шанси да се разгледа и опцијата за замена на Министерството за финансии со некое друго министерство. Во случај анкетите да се во корист на Фљорин Бесими за градоначалник на Тетово, ДУИ ќе треба да го повлече министерот за финансии Фатмир Бесими, поради судир на интереси.
Во ДУИ се разгледува и можноста преку оваа реконструкција да се воспостави мир во огранокот во Чаир до по локалните избори. Од друга страна пак, изворите истакнуваат дека СДСМ нема да се откаже од своите напори за ја убеди Алтернатива на Африм Гаши да стане дел од Владата, нудејќи ѝ раководни позиции во институции, со цел формирање стабилно мнозинство.
