Во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Белград, заразени се дури 90 лица, пренесоа српските медиуми.
Директорот на болницата Милован Бојиќ рече дека 67 медицински работници се заразени, како и 23 пациенти, пренесува „Прва ТВ“.
„Првите пациенти немаа никакви симптоми, поминаа преоператвна припрема и интервенција. После неколку дена приметивме температура“, рече Бојиќ.
Тој рече за да се избегне негативно сценарио, лекарите се исклучени од процесот на работа, а пациентите позитивни на Ковид-19 префрлени во КОВИД-болницата.
