На 21.10.2024 во 17.57 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во село Никиштане, општина Ѓорче Петров, во метална кутија била пронајдена муниција.
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид и од местото подигнале 151 куршуми за понатамошна постапка.
