Во Милано претставена воз-болница – специјално изработена и опремена за нега на пациенти во итни ситуации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Милано беше претставен болнички воз со осум вагони, кој е специјално изработен и опремен за нега на пациенти во итни ситуации, пишува „Il Fato kotidijano“.

Возот може да се користи за транспорт на пациенти во земјата, или од Италија во други земји, или како независна, болничка поддршка.

Возот е опремен со оддел за реанимација, има два вагона со медицинско-технички помагала неопходни за функционирање на единицата за интензивна нега, еден вагон што е магацин за медицински материјал и оддел за персонал.

Идејата потекнува од минатата година кога, во првиот бран на пандемијата, некои пациенти во италијанските болници мораа да бидат префрлени во други делови на Италија или друга европска земја, бидејќи немаше доволно место за секого.

Болничкиот воз е направен како алтернатива на воздушниот транспорт на пациентите во итни случаи. Возот е специјално дизајниран за оваа употреба и е производ на договор меѓу владата и италијанските железници.