Најновото издание на ClickPlus емитувано синоќа на ТВ21, беше посветено на коронавирусот и најновата ситуација.
Гости беа министерот Венко Филипче, директорката на Инфективна клиника Милена Стевановиќ и директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ.
Дебатиравме за најновата ситуација со коронавирусот, за болничките капацитети, за тоа што му прави коронавирусот на нашиот организам, кои лекарства треба да се земаат, каква е ситуацијата на клиниките. На крајот, секако, стана збори за вакцината за која Венко Филипче најави кога и во која количина ќе пристигне во Македонија.
Онлајн ги вклучивме и координаторите на медицинскиот персонал Сабри Азири и Габриела Темелковска.
Целата емисија на ClickPlus може да ја проследите низ видеото подолу:
