Во напад врз воен конвој на ОН во Конго, загина италијанскиот амбасадор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во денешениот напад врз конвој на ОН во источниот дел на Конго загинаа неколку лица, меѓу нив е амбасадорот на Италија.

Претставници на Националниот парк Вирунга соопштија дека нападот се случил во близина на градот Канијамахороа и станува збор за обид за киднапирање.

Во околината на паркот Вирунга, кој се наоѓа долж границата на Конго со Руанда и Уганда, дејствуваат неколку оружени групи и често ги напаѓаат ренџерите кои го обезбедуваат националниот парк.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и Европската Комисија на најостар начин го осудија денешниот напад врз конвојот.

– Безбедноста и мирот мораат да бидат осигурани: ЕУ ќе остане на страна на ДР Конго и нејзиното население. Сочувство до семејството на амбасадорот, напиша Мишел на Твитер.