Поради реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на 110 кВ трафостаница “Васил Главинов” од страна на екипите на Електродистрибуција, во недела (18 јули) во периодот од 04 до 06 часот наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини, односно:
СКОПЈЕ – БУТЕЛ, поконкретно: Општина Бутел, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, нас.Визбегово, индустриска зона Визбегово,нас.Кучевишка Бара,
СКОПЈЕ – ШУТО ОРИЗАРИ, поконкретно: нас.Шуто Оризари, затвор Шутка,
СКОПЈЕ – ЧАИР, поконкретно: нас.Скопје – Север, нас.Топаана, нас.Топанско Поле, најголем дел од општина Чаир,
СКОПЈЕ – КАРПОШ, поконкретно: Момин Поток.
