Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница однесе четири животи, меѓу кои и истакнатиот баритон на Македонската опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков.
Според потврдените информации, уште една од жртвите е идентификувана како Петар Миланов (20) од Скопје, додека за четвртото починато лице сè уште се врши официјална идентификација.
Ристе Велков беше еден од водечките македонски оперски уметници со богата кариера зад себе. Тој има реализирано 26 оперски улоги и настапувал во повеќе од 15 водечки улоги во познати дела како „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“ и „Травијата“, со што остави значаен белег на македонската оперска сцена.
