Во Њујорк почнува вакцинација на лицата постари од 16 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во градот Њујорк денеска почнува вакцинација против Ковид-19 на жителите постари од 16 години.

Тинејџерите на возраст од 16 и 17 години ќе ја примат вакцината на Фајзер-Бионтек, бидејќи само таа има дозвола за употреба на лица помлади од 18 години. За вакцинацијата е потребна согласност од родителите.

Ниту една вакцина се уште не е одобрена за лицата помлади од 16 години.

Минатата недела во Њујорк се вакцинираа постарите од 30 години.

Според податоците на федералниот Центар за контрола и превенција на болести, скоро секој петти жител на државата Њујорк е целосно вакциниран против Ковид-19, додека нешто повеќе од една третина примила барем една доза од вакцината.