Во Охрид ќе се постави подвижна урбана опрема – Пецаков: Не ги прекршуваме препораките на УНЕСКО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Охрид се подготвува за летната сезона, а за пречек на туристите, оваа година се поставува урбана опрема на брегот на езерото. Ќе се постави подвижна урбана опрема, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој додава дека ова не е спротивно на препораките на УНЕСКО. Тој дури вели дека работеле многу за исполнување на препораките на УНЕСКО уривајќи ги сите платформи во езерото, а урбаната опрема ќе биде подвижна за да може лесно да се отстранува.

Универзитетскиот професор Наум Мариноски вели дека урбанизацијата на населените рурални места би било решение за дивоградбите. Додава дека ова е основа да нема дивоградби и да се заштити местото.

Во септември УНЕСКО ќе одлучува дали Охридското езеро ќе стане загрозено светско наследство или ќе даде дополнителен рок за исполнување на 19-те препораки дадени пред неколку години.