Во Охрид многу хотели затворени, нема работа – преполовен интересот за новогодишните празници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Енергетската криза се покажа како полоша од пандемијата со корона, велат угостителите од Охрид и Струга. Интересот за новогодишните празници на брегот од Охридското езеро е видно намален. Според анализите на здружението на угостители, за разлика од минатите години, оваа година голем дел од хотелите не се ни половина резервирани. Ова се случува поради поскапувањето на прехранбените производи, но и намалената куповна моќ на туристите. Повеќето хотели се веќе затворени, некои од нив нема да отворат ниту за Нова Година.

И угостителите велат дека посетата на гостите е намалена, луѓето доаѓаат на кафе но не и за престој.

Ако до минатата година тридневен престој за Нова Година чинеше околу 150 евра, оваа година цената поради инфлацијата е 250 евра. Оваа година владата не издвои средства за угостителите во пакетот за енергетска криза.