Во Панама откриен камион со дрога која требало да пристигне на Балканот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во камион во Панама се откриени 34 скриени кеси со дрога кои биле наменети за балканскиот пазар, соопштија тамошните истражители.

Кесите полни со кокаин биле сокриени во цилиндрите, шупливите метални цевки на камионот, а требало да пристигнат во Хрватска, и најверојатно да бидат распространети во други земји.

„За време на рацијата и претресот на камионот, откриени се 34 најлонски кеси за кои постои сомневање дека содржеле дрога“, објави на платформата X панамското јавно министерство кое се занимава со истрага на кривични дела.

Камионот бил запрен во област во близина на градот Колон.

По пронаоѓањето на дрогата, полицијата приведе едно лице чиј идентитет не се соопштува.

ФОТО: Архива