Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, додека пак оваа борба ја загубиле 32 лица.
- Починати 12 лица од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82 години)
- Починати две лица од Прилеп (70 и 55 години)
- Починати три лица од Тетово (64, 79 и 67 години)
- Починати две лица од Струга (67 и 74 години)
- Починато едно лице од Велес (51 година)
- Починати две лица од Охрид (70 и 74 години)
- Починато едно лице од Кавадарци (77 години)
- Починато едно лице од Гостивар (61 година)
- Починати две лица од Струмица (63 и 66 години)
- Починати две лица од Радовиш (62 и 70 години)
- Починато едно лице од Кочани (64 години)
- Починато едно лице од Делчево (78 години)
- Починато едно лице од Кичево (64 години)
- Починато едно лице од Неготино (55 години)
Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169.
Досега во земјата се направени вкупно 332.286 тестирања на Ковид -19.
