Во последниве 24 часа од коронавирус починале 32 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19, додека пак оваа борба ја загубиле 32 лица.

  • Починати 11 лица од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56 години)
  • Починати четири лица од Куманово (89, 95, 63, 57 години)
  • Починати три лица од Прилеп (65, 59, 79 години)
  • Починато едно лице од Тетово (83 години)
  • Починато едно лице од Велес (67 години)
  • Починати три лица од Битола (77, 53, 62 години)
  • Починато едно лице од Охрид (75 години)
  • Починати три лица од Гостивар (59, 76, 66 години)
  • Починато едно лице од Гевгелија (74 години)
  • Починати три лица од Струмица (57, 68, 76 години)
  • Починато едно лице од Ресен (61 години)

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412

Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.