Во прилепско без систем за наводнување на тутунот – Николовски: Доколку има заинтересираност, спремни сме да инвестираме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мај е месец кога се сади тутунот, низ цела Македонија имаме 13 илјади хектари земја засадена со тутун и некаде околу 17 илјади семејства се бават со тоа, а 65% од оваа бројка се семејства од Долнени и Прилеп.
Менде Стомнароски, претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија од регионот на Пелагонија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од околу 26.400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година.
Тутунарите и годинава бараат зголемување на откупната цена на тутунот бидејќи трошоците за производство се повисоки.

Во овие две општини каде жителите главно се занимаваат со производство на тутун, во многу делови нема систем за наводнување на тутунот, особено во општина Долнени,но жителите не се откажуваат, интензивно работат за да имаат најквалитетен тутун на есен.

Два вакви системи за наводнување се направени во Кичево затоа го прашавме министерот за земјоделство, Лупчо Николоски колку имаат инвестирано во регионот на Пелагонија, каде главен фокус на секое семејство е садењето тутун. Министерот Николовски рече дека доколку има иницијатива и изготвен проект, подготвени се и таму да изградат систем за наводнување како во целата држава.

Лани цената на тутунот се зголеми до 30%, при што првата класа чинеше 300 денари, втората 240 и третата 180 денари, што беше опишано како историски покачување, а беше најавено дека за оваа година има поголем буџет за тутунарите.