„Во притвор сум поради денешниот исказ, трпам закани, а денеска зборувам со целиот страв“, рече Боки 13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски рече дека поради денешниот исказ во Судот, трпел закани и дека се плаши по неговиот живот кога ќе се врати во затворот.

„Јас сум во притвор поради денешниот исказ, и поради тоа трпев закани. Поради ова кое го зборувам денеска со целиот страв. Од каде да знам дека нема некој да ме убие после ова? Јас молев тука, но мојата здравствена состојба е само табу тема, за да добијам еднаков третман со сите. Не барав слобода да се шетам како Зоран Милески, туку да имаме еднаков третман, но не го добив поради стравот што денеска го зборувам.  

Над мене е извршена тортура, над мене се извршени измислени прегледи, избркан сум како куче од 8-ми степември, да се влијае на мојата психичка состојба, да се влее страв да не зборувам, што ќе зборувам, да бидат заштитени лица кои вршеле незаконски дејствиа, а обвинителката не ги утврдила вистинските кривични дела.“, изјави Боки 13.