Во рок од една недела се очекува Владата да го претстави решението правосудниот испит да се полага и на албански јазик.
Заменик-премиерот Беким Сали изјави дека се работи на поширок пакет за слични прашања.
„Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за временската рамка, можеби и една недела може да трае до конечната одлука која ќе ја промовираме на ист начин, верувам“, рече Сали, додавајќи дека нема да се работи само за правосудниот испит, туку и за други слични теми.
