„Ние работиме согласно закон и се надевам тоа ќе се докаже низ постапката“
Ова е ставот на претседателот на Трговската комора, при Сојузот на стопански комори, Сашо Дукоски во емисијата Бизнис 21 кој ги отфрли како неточни, како што рече, тврдењата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Комисијата поведе прекршочни постапки за четирите ланци на маркети ВЕРО, Тинекс, КАМ, Рептил како и за Сојузот на стопански комори под сомнение дека склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.
Сашо Дукоски: Картелите се на други места, тука можеме да преудицираме што сакаме. Јас ви кажувам дека такво нешто не се случило, не е точно за никакво здружување, никакво договарање.
-Не сте се договарале за цени тоа значи?
„Се е надевам, се надевам многу скоро ќе се докаже низ постапка“
-И влијание?
„Не, дефинитивно не“.
За универзитетскиот професор Абил Бауш, за вакви здружувања во САД, покрај милионски казни, се оди и во долгогодишен затвор. Се надева дека случајот нема да се заташка.
„Ако ова се докаже, навистина ова е многу мешање врз пазарот и врз цената на чинење. Ако е вистина, секогаш го велам… И не дека тука нема веќе општествена одговорност. Тоа веќе сите параметри се расипуваат. А многу едноставно ова се, може да се , да се види…“, вели Абил Бауш
-Поведена е постапка и за втората по големина Комора во земјава, тоа е голем момент
„Со сегментирање на пазарот ова многу убаво може да се види“.
Вчера и премиерот Мицкоски рече дека сите оние што мислат дека картелски ќе се здружуваат ќе одговараат пред законот.
Но, зошто и покрај владините мерки за замрзнати маржи и цени сепак во маркетите нема намалувања на храната како што очекуваше Владата за 10 проценти- Дукоски вели вината не е кај трговците, треба да се бара на друго место.
Анализата на Бизнис 21 од терен го покажа она што го кометираат и граѓаните дека намалувањата во маркетиte или ги нема или се по неколку денари. И додека пазарните инспектори се на терен од Комисијата за заштита на конкуренцијата ги чекаат аргументите на четирите ланци на маркети и Комората по што ќе се донесе финална одлука дали ќе бидат казнети. Казните за картелско здружување се бројат во милиони евра, односно 10 проценти од годишниот приход на маркетите.
