Во САД се гради облакодер кој ќе изгледа како неколку кутии една врз друга, цената на становите ќе чини милион долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облакодер кој ќе изгледа како неколку наставени кутии една врз друга, ќе биде заштитен знак на Мајами.

Тој ќе биде дом на новиот хотелски комплекс Волдорф Асторија, а ќе има и приватни резиденции.

Девет стаклени коцки ќе се трансформираат во облакодер над Мајами, низ кој ќе може да се гледа целиот град. Во целост ќе се разликува од останатата архитектура на источниот брег на САД.

Почетната цена на становите ќе биде милион долари, а резервации веќе се примаат.

Оваа зграда ќе биде највисока во Мајами, ќе биде висока 320 метри и ќе има 100 ката. Во неа ќе се наоѓа хотел и 360 станови со услуги од прва класа.