„Во СДСМ во моментов владее клиентелизам, не по моја волја сум оддалечен од партијата“, рече Макрадули

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во DailyClick на ТВ21 зборува Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ. Ги коментиравме резултатите на партијата на минатите избори, кои Макрадули ги кажа како разочарувачки.

ТВ21 му постави прашање на Макрадули, каде се оние постарите членови на СДСМ сега и кои му требаат на партијата да се консолидира.

„На СДСМ во моментов и требаат и децата на СДСМ но и ние со белите коси. Ни требаат сите. Во СДСМ погрешно се третира лојалноста. Не може да се спореди клиентелизмот со лојалноста, тоа се различни категории. Тука преовладува клиентелизмот во моментов“, изјави Макрадули.

Тој кажа дека не по негова волја е оддалечен од партијата.

„Не по моја волја бев оддалечен од СДСМ, но тоа не значи дека јас не сум придонел на свој начин и не сум присуствувал на настаните. Затоа кажувам постои разлика помеѓу лојалноста и клиентелизмот. Јас сум убеден дека Северна Македонија треба да биде едно општество за сите“, изјави Макрадули.