Вицепремиерот за економски прашања на Северна Македонија, Фатмир Битиќи, рече дека заедничкиот состанок на двете влади, кој се очекува да се одржи во септември, јасно ќе покаже што значи духот на регионалната соработка.
„Подготовките се во завршна фаза, според последните информации оваа недела, мислам дека во септември може да се одржи заедничка средба меѓу двете земји каде мислам дека ќе покажеме отворено што навистина значи духот на регионалната соработка, бидејќи ќе се потпишат неколку договори и заеднички иницијативи за да им овозможиме на нашите граѓани навистина да имаат поголема соработка и побрз просперитет отколку што имаа порано“, посочи Фатмир Битиќи.
Зборувајќи за познатиот „Балкански мини шенген“ кој пред неколку дена го доби името „Опен Балкан“, Битиќ вели дека таквата иницијатива не го минимизира Берлинскиот процес.
„Таа иницијатива (Опен Балкан) е задоцнета, всушност мислам дека периодот „Ковид-19“ само докажа дека ако сакаме да имаме брзо економско закрепнување, мислам дека што порано ќе треба да им се придружуваме на иницијативите како и да се викаат, но без да се земат предвид политичките аспекти, гледајќи го само економскиот аспект на зголемување на регионалната конкурентност, создавање на синџирот на вредност на Западен Балкан и како овој синџир ќе биде дел од вредноста на глобалните пазари. Периодот „Ковид-19“ создаде прозорец, а тоа е да се искористи можноста на компаниите кои всушност сакаат да ги напуштат далечните земји како Кина, Индонезија, итн., компании кои сакаат да го доближат синџирот на снабдување поблиску до нивното производство. И ова е прозорот кој Западен Балкан треба да го искористи во име на создавање регионална конкурентност, бидејќи ако го затвориме овој прозорец и го изгубиме поради нашите каприци, мислам дека идните генерации ќе не осудат“, додава Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот за економски прашања на Северна Македонија, Фатмир Битиќи рече дека наскоро ќе се објави местото каде ќе се одржи состанокот.
