Во изминатите шест месеци, во Тетово и околината избувнале 409 пожари. Поголемиот дел од нив биле на отворен простор. Човечкиот фактор бил главната причина, велат од противпожарната единица, апелирајќи до граѓаните да бидат повнимателни, особено сега кога температурите се високи.
– Интервениравме и во Националниот парк Шар Планина, кој е заштитено подрачје и има своја управа, која заедно со нас делува при вакви интервенции. Познато е дека човечкиот фактор е првата искра на големите пожари. Затоа, апелите на пожарникарите, како и секогаш, се да ја чуваме природата, затоа што таа е наша и мораме повеќе да се грижиме за неа, , изјави Авни Амети, командант на противпожарната единица Тетово.
Директорот на Националниот парк „Шар Планина“ вели дека се подготвени за итни интервенции, и покрај ограничените човечки ресурси.
– Имаме годишен оперативен план за заштита на шумите од пожари, поседуваме специјално возило со резервоар и пумпа за гаснење на пожари, имаме и обучени вработени за гаснење пожари и за интервенции во итни случаи, изјави Евзал Елмази, директорт на Националниот парк „Шар Планина“.
Директорот потсетува дека сите посетители кои влегуваат во зоната на паркот, по закон се обврзани да се евидентираат. Секоја влезна такса за возило изнесува 150 денари. Во периодот на високи температури, строго е забрането палење оган во националните паркови.
