Во Шпанија фрлена бомба на штаб на Подемос

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Непознати напаѓачи рано утрово фрлиле бомба врз локална канцеларија на шпанската левичарска партија Унидас Подемос, соопшти полицијата.

Нападот се случил во Картагена во југоисточна Шпанија, а пожарот ја оштетил фасадата на зградата.

Подемос за нападот ги обвини десничарски елементи во земјата.

– Уличниот тероризам на крајната десница нема да не заплаши, напиша на социјалните мрежи лидерот на партијата, Пабло Иглесијас, кој учествува на регионалните избори во Мадрид што ќе се одржат на 4 мај.