Во Скопје 174 нови случаи на коронавирус – пет општини со над 1.000 активни случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје денеска се регистрирани 174 случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата досега има 24.109 случаи на коронавирус, додека пак бројот на активни изнесува 9.837.

Активни случаи по општини Скопје денеска:

  • Гази Баба – 1.474
  • Аеродром -1.407
  • Кисела Вода – 1.196
  • Карпош – 1.188
  • Центар – 1.180
  • Ѓорче Петров – 823
  • Чаир – 610
  • Бутел – 552
  • Илинден – 244
  • Шуто Оризари – 184
  • Сарај – 151
  • Петровец –126
  • Чучер Сандево – 103
  • Зелениково -73
  • Сопиште – 66
  • Студеничани – 52
  • Арачиново -32

Нераспределени има 203, додека пак странци се 173.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546, а бројот на активни случаи изнесува 20.687.