Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3398 тестирања, регистрирани се 1406 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Скопје се регистрирани 627 нови случаи.
Од почетокот на епидемијата досега во Скопје има 21.984 случаи со коронавирус, додека пак активни се 9.059.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Гази Баба – 1323
- Аеродром -1318
- Карпош – 1160
- Кисела Вода – 1109
- Центар – 1105
- Ѓорче Петров – 742
- Чаир – 565
- Бутел – 477
- Илинден – 226
- Шуто Оризари – 153
- Сарај – 129
- Петровец –111
- Чучер Сандево – 101
- Сопиште – 61
- Зелениково -60
- Студеничани – 41
- Арачиново -32
Нераспределени се 184, а странци се 160.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.
