Во Скопје вчера 148 сообраќајни прекршоци, 45 санкционирани мотоциклисти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи вчера изрекла вкупно 148 мерки, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 25, 12 за возење без возачка дозвола и 45 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, информираат од МВР.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила и четири за минување на црвено.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и напоменуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.