Во скопски Чаир маркетите преполни со луѓе пред полицискиот час, една повозрасна жена не стигна да купи леб и кисело млеко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сирената сигнализира дека се ближи полицискиот час.  Еден час пред почетокот на полицискиот час на улицата Цветан Димов во Чаир улиците беа преполни со автомобили. И маркетие беа преполни со луѓе кои купуваа за дома. Брзаа за да купат храна.

И една жителка од Топанско поле 15 минути пред полицискиот час остана чекајќи автобус.

За да не ја казни полиција заради непочитување на полицискиот час, нашата екипа ја однесе до дома.

Само што влезе дома, полицискиот час ги испразни улиците.

Ги снимивме улиците низ градот. Може да се видат само полициски патроли. И екипата на ТВ21 ја застана полиција за да провери дали имаме дозвола за движење.